Lamborghini со најава за автомобилот со 830 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Lamborghini, најголемиот конкурент на Ferrari објави видео со кое го најавува најновиот супер тркачки автомобил чија премиера е закажана за следната година.

Станува збор за автомобил кој ќе биде опремен со 6,5 литарски V12 мотор со 830 КС, а доаѓа со шестстепен Xtrac секвенционален менувач на брзини.

Од видеото и не може многу да се открие за екстериерот. Она што е воочливо е бројот “63” кој се наоѓа на страничниот дел, број кој најверојатно ја означува годината на основање на овој производител. Тука е и отворот за воздух на покривот како и задниот спојлер.

Истовремено, италијанскиот производител кој е дел од Volkswagen Групацијата наведува дека производството ќе биде ограничено само на 40 примероци, а стартот на истото е закажано за почетокот на 2021 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK