Bentley подготви нов возбудлив модел

jameslipman.com

За време на саемот во Женева од компанијата Bentley подготви нов возбудлив модел на од легендарната марка. Светската премиера се случи на штандот на Bentley во Женева, каде имаше и има промоција и на новата Bentayga V8 со нејзиниот четирицилиндричен мотор, карбон-керамички дискови на сопирачките и луксузен ентериер.

Оваа модификација на СУВ моделот оди со максимална моќност од 542 коњски сили и максимален вртежен момент од 770 Нм, кои се доволни за автомобилот да може да забрза од 0 до 100 км/ч за 4.5 секунди и да развие максимална брзина од 290 км/ч.

Покрај ова на штандот на Bentley во Женева беше претставена и новата генерација на Continental GT, a првите возила ќе бидат доставени до клиентите во Европа во текот на ова лето.

Автомобилот е со обновен шест литарски, W-образен 12 цилиндричен мотор, кој генерира максимална моќност од 635 коњски сили и малсимален момент на вртежи од 900 Нм. Со негова помош и во комбинација со роботизиран осумстепен менувач, автомобилот е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 3.7 секунди и да развие максимална брзина од 333 км/ч.