Новите мотори на Ford ќе возат на два цилиндра

ОБЈАВЕНО НА:

Техниката за деактивација на еден цилиндар е позната, и таа најчесто ја има кај оние мотори со четири цилиндри. Сега, новата генерација на Fiesta ST истото ќе го понуди кај нивниот 1.5 литарски турбо со 197 КС, само што ова е трицилиндричен мотор. Новата Fiesta ST беше промовирана минатата недела на саемот во Женева.

Новата Fiesta ST ќе тргне со продажба во Европа на почетокот на следната година, и во неа ќе дебитира вториот трицилиндарски мотор. Тој ќе има и систем за декативација на цилиндар со што моторот ќе работи на два цилиндри, кога нема да има големо оптоварување и кога ќе се постигне поголема брзина на автопат.

Ford ќе понуди 1.0 литарски трицилиндричен мотор и во Fiesta и во Focus. Тие мотори исто така ќе бидат достапни на почетокот на следната година со систем за деактивација на цилиндрите, со што ќе се подобри потрошувачката за 6 отсто, тврдат од компанијата.

Новиот 1.5 литарски мотор во ST, е направен од алуминиум и ќе го замени 1.6 литарскиот четирицилиндричен што сега го има во Fiesta ST и што и сега развива 197 КС. Од компанијата тврдат дека 1.5 литарскиот мотор ќе има поголем вртежен момент и ќе понуди подобра економичност на потрошувачката во однос на сегашниот мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK