Новите мапи ги покажуваат дури и дупките на патот

ОБЈАВЕНО НА:

Британската агенција за мапи и компаниајта Mobileye од Израел, купена во 2017 година од страна на Intel за 15,3 милијарди долари го почнуваат создавањето на патни карти од новата генерација. Тие ќе бидат толку точни и детални што ќе ги покажуваат дури и капаците на канализациските шахти низ улиците.

Новите мапи ќе бидат снимани со посебни 3D камери и скенери, кои ќе запишуваат информации за сообраќајните прописи, семафорите, знаците, столбовите, броевите на зградите, рекламните билборди и дупките.

Картите ќе бидат од корист не само за возачите, кои корисат навигациски системи во автомобилите, туку и за производителите. Автомобилите ќе можат да ги предупредуваат возачите за претстојниот остар свиок или јама на патот, за да може навреме да биде намалена брзината.

Автомобили кои се опремени со нови камери и скенери веќе возат низ патиштата во Лондон, Манчестер и Североисточна Англија. По снимањето на целата Велика Британија тие ќе се појават и во други градови низ Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK