Новите детали за соработката на Ford и Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Компаниите Ford и Volkswagen објавија дека двете потпишале договор за соработка, со кој се предвидува здружување на платформите и технологиите со крајна цел стабилизирање на позициите на двете страни на глобален план и за оптимално одговарање на непрекинатото менување на корисничките барања.

Соработката на Ford и Volkswagen ќе вклучува:

-Пикап со средни димензии, кој е развиен и произведуван од Ford, кој ќе се продава од Volkswagen со името Amarok од 2022 година.

-Ново општо градско комби за испорака, развиено на база на актуелното Caddy на Volkswagen, кој ќе биде лансиран од почетокот на следната година.

-Ново леснотоварно комби (1 тон), развиено од Ford.

-Нов електромобил од Ford, кој ќе биде развиен на база на специјално развиената модулна платформа MEB за електромобили.

Од Ford и Volkswagen очекуваат бројот на заеднички производи во новата соработка да биде околу 8 милиони единици (пикапик и леснотоварни камиони).

Од Ford пронозират дека со почеток во 2023 година, компанијата може да биде во состојба на пазарот да достави 600.000 електромобили, кои ја користат платформата МЕВ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK