Volkswagen официјално ја претстави третата генерација на својот главен SUV, Touareg. Тој е биде во првите редови на понудата на брендот во Европа и нема да биде достапна во САД. Неговата премиера се одржа во Пекинг
Автомобилот е базиран на платформата MLB Evo, која стои и во основата на супер модели од групацијата, како Audi Q7, Porsche Cayenne и Lamborghini Urus. Димензиите на Touareg благо пораснаа, a тоа се одразува главно на багажниот простор – од 697 литри се зголеми на 810 литри. И покрај поголемите димензии Touareg е околу 100 килограми полесен од претходниот модел, поради повеќе од 40 проценти алуминиумски содржини при изработката.
Што се однесува до дизајнот, СУВ возилото доаѓа со речиси целосно променет изглед инспириран од Arteon, барем напред. Volkswagen може да се пофали дека Touareg користи некои од најквалитетните LED фарови во индустријата. Секој од фаровите користи 128 диоди, кои се контролираат поединечно за најдобро осветлување на патот.
Кога ќе биде лансиран во Европа, моделот ќе биде достапен со два 3.0-литарски V6 дизел мотори. Еден ќе има моќност од 231 КС, а помоќната верзија ќе има 286 КС. Уште оваа есен кон нив ќе се приклучат и 3.0-литарски бензински со 340 КС, а како водечки во понудата ќе биде 8-цилиндричен 4,0-литарски дизел со 421 КС
Како опција од опремата влегуваат 4 зонска клима, аудио систем со 14 звучници, панорамски покрив, греење, ладење и масажа на предните седишта, воздушна суспензија и други.
https://youtu.be/j_bGpuBifqQ
Производителот објаснува дека Touareg користи ново управување на функциите на бордот наречен Innovision Cockpit. Тоа комбинира голем 12 инчен дисплеј за системот за климатизација со уште поголем 15 инчен таблет за контрола на инфозабавниот додаток. Покрај тоа, се забележува и распоред на отворите за вентилација слично на она кај европските Passat и Arteon – долги линии од крај до крај што комбинираат во себе можноста за регулирање на насоката и силата на воздухот.
Галерија