Новиот Volkswagen Touareg ја чека својата промоција

ОБЈАВЕНО НА:

На 23 март во Volkswagen се подготвени да направат промоција на новата генерација на Touareg, а како што наближува денот така полека се појавуваат детали за новото возило.

Најновите шпекулации кои се појавуваат во медиумите во Британија велат дека џипот ќе се најде во продажба со V8 дизелов мотор со две турбини и огромен вртежен момент. Ако тоа се покаже како вистина тогаш најверојатно станува збор за мотор, кој веќе се користи од Audi SQ7 и Bentley Bentayga.

Други нови интересни промени ќе има во тоа што на пазарите низ Европа возилото ќе биде предлагано како 4,0 литров турбо бензинец со осум цилиндри. Се предвидува дека сите бензин мотори ќе користат 48-волтен електричен систем и ќе има помош од мал електромотор.

Машината ќе биде на платформата MLB Evo, на која веќе се изградени и полуксузни возила како Bentley Bentayga и Audi Q7. Се предвидува лесно зголемување на размерите со цел подобро разграничуваме кон Tiguan Allspace, но и намалена тежина во однос на претходната верзија.

Покрај ова најавено е дека ќе има има верзија со седум седишта во три реда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK