Новиот T-Roc сака да биде како Golf но меѓу СУВ возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Два месеци после промоцијата на првиот СУВ автомобил во класата кросовер T-Roc, гигантот од Волфсбург планира да има продажба од 200.000 возила годишно во Европа и уште около 250.000 возила во Кина. Ваквата идеја во Volkswagen се чини како тешко остварлива со оглед на тоа што T-Roc има голема конкуренција во СУВ делот. Изграден е на MQB платформата на Golf, а конкуренцијата не делува нималку наивно.

Станува збор за возилата MINI Countriman, Renault Captur, Peugeot 2008, Opel Mokka, Nissan Juke, Ford Ecosport, Citroen C3 Aircross, Jeep Renegade, FIAT 500X, Suzuki Vitara, Mazda CX-3, Honda HR-V, Audi Q2, Toyota C-HR.

Главниот адут на T-Roc е исклучителната агилност, а воедно и економичниот 1.0 литарски турбобензинец TSI со 115 коњски сили во најслабата варијанта од која се очекуваат и најдобрите резултати при продажбата. Другите погонски агрегати се 1.5 литарски TSI во верзии со 150 и 190 коњски сили, 1.6 литарски дизел TDI со 115 коњски сили и две верзии на најголемата 2.0 лидарска TDI единица со 150 и 190 коњски сили.

Втора предност за Т-Roc во однос на бројните конкуренти меѓу другото и во однос на сестринските Q2 од Audi, е и можноста за нарачување на верзии со погон на двете осовини (4Моtion AWD) со поголем патнички простор, но и поголем простор за багаж.

Главната мана и на овој како и на скоро секој друг модел на Volkswagen е цената. Основниот модел нема да биде под 20.000 евра (на пазарот во Германија), а максималната се очекува да се движи речиси до 45.000 евра.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK