Новиот СУВ на Seat ќе се вика….

ОБЈАВЕНО НА:

По моделите Ateca и Arona од Seat се подготвуваат за уште едно СУВ возила. За неговото име беше распишан конкурс за на почетокот на март за време на саемот во Женева треба и официјално да биде објавено името. Но германски AutoMotorUndSport цитирајќи „добро информиран извор“ тврди дека го знае името на новиот СУВ.

Во игра се четири имиња: Alboran, Aranda, Avila и Tarraco. Токму ова последното име, Tarraco треба да биде и името на новиот СУВ на компанијата.

Tarraco е античкото име на Тарагона, град во Каталонија и поранешна римска населба. Се наоѓа на брегот на Медитеранското море, јужно од Барселона и има околу 130.000 жители.

СУВ моделот ќе ја дели платформата со Skoda Kodiaq и е нешто помал од Ateca. Моделот Seat Trraco ќе биде конкуренција на Nissan X-Trail и Hyundai Santa Fe.

Новиот модел ќе се нуди со бензински и дизлески мотори што ги има во понудата на Volkswagen Group. Се очекува основниот модел да се нуди си погон на предните тркала и со 6-степен мануелен менувач, а AWD системот и DSG двојната спојка ќе бидат опција.

Хибрид, PHEV или дури и елекрично возило се исто така опција подоцна.
Моделот Tarraco ќе се произведува во фабриката во Волфсбург во Германија, и не е исклучена опцијата Seat да го промовира моделот дури и за време на саемот во Женева.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK