Новиот Subaru Levorg фатен без маска (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Subaru во моментов активно работ на новата, втора генерација од моделот Levorg (LEgacy, reVOlution, touRinG). Изгледот на овој модел не е повеќе тајна откако на интернет се појави немаскиран за време на тестирањето.

Дизајнот е во целост инспириран од концептот претставен на саемот за автомобили во Токио минатата година. Тоа значи дека во споредба со актуелната генерација, екстериерно доаѓаат значајни измени. Тоа најочигледно е во задните и предни фарови како и во браниците.

Новата генерација се темели на Subaru Global Platformu платформата, а во поглед на димензиите истите се очекува да бидат идентични како и моделот од актуелната генерација што значи дека доаѓа со должина од 4.690 мм и меѓуоскино растојание од 2.650 мм.

Subaru Levorg

Во однос на моторите тука ќе биде 1,8 литарскиот турбо-бензински моторо со автоматски менувач додека предвиден е и 2,0 литарски турбобензински мотор со 300 КС.

Subaru Levorg

Во продажба овој модел во Јапонија ќе се најде во втората половина од оваа година додека на останатите пазари продажбата ќе стартува на почетокот на следната. Во текот на 2021 година ќе биде претставена и STI спортската верзија.

Цената останува засега непозната.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK