Новиот Subaru BRZ премиерно на 18 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Subaru официјално потврди дека на 18 ноември ќе ја претстави новата генерација на моделот BRZ. При тоа објави и тизер видео на кое не може да се открие многу околу екстериерот, но е доволно примамливо за да со нетрпение ја очекуваме премиерата.

Новата генерација се базира на TNGA платформата на Toyota односно претставува плод на меѓусебната соработка. Оттука овој модел ќе се темели на истата архитектура и технологија како и моделот GR86 на Toyota.

Тоа значи дека должината ќе изнесува 4.250 mm, ширината 1.780 mm, додека пак висината 1.315 mm.

Идентична ќе биде и мотористиката. Централлно место зазема 2,4 литарскиот четирицилиндрен мотор со 220 КС и 240 Nm кој доаѓа со стандарден шест степен мануелен, но и опционален автоматски менувач.

https://youtu.be/gCXpEoiWwrI

Повеќе технички детали се очекува за време на премиерата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK