Новиот спортски автомобил на Maserati доаѓа во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Кон крајот на минатата година Maserati објави тизер од најновиот спортски автомобил. Премиерата на истиот требаше да се одржи во мај годинава, но поради пандемијата на коронавирусот сега истата е презакажана.

Така, според официјалното соопштение на италијанскиот производител, премиерата ќе се одржи на интерен настан во септември.

Инаку станува збор за моделот MC20, име кое доаѓа од Maserati Corse 2020. Претходно Maserati го најави овој модел како почеток на новата ера за производителот. Она што сега е познато е тоа дека станува збор за електричен автомобил. Практично, моделот MC20 ќе биде првиот целосно електричен автомобил на италијанскиот производител.

Други дополнителни информации не се откриени. Она што единствено се знае е дека производството и првите испораки ќе се случат следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK