Новиот Seat Leon е полн со „асистенти“

ОБЈАВЕНО НА:

Четвртата генерција на компактниот Seat Leon е веќе тука, а истата е полна со асистенти и системи за помош на возачот. Како надополнување за дизајнот, развојот на Leon се фокусира на безбедноста.

Со новата генерација на моделот, покрај старите познаници од системите за асистенција, како електронска контрола на стабилноста (ESC) со антиблокирачки сопирачки систем (ABS) и контрола на стабилноста (ASR), се додадени и уште ред други електрични помошни средства, кои не само што ја заштитуваат безбедноста на патниците, туку и целиот смисол на зборот дека ја следат околината на автомобилот, спречувајќи на појава од опасни ситуации.

Дел од новите асистенти можете да ги видите во продолжение.

Асистент за долги светла: Од брзина 60 км/ч. па нагоре и на темно, возилата позади и напред, кои се доволно осветлени се препознаваат со камера и системот автоматски се префрла меѓу кратко и долго светло.

Асистент за слепи точки: Тој го предупредува возачот со помош на LED осветлување на околината на возилото и го известува за друго возило или предмет во опасната област што се приближува при промена на лентите.

Асистент за излез на пат: Автомобилот користи сензори, за да го информира возачот дали друг учесник во сообрачајот може да е на слепото место на автомобилот пред тој да излезе на патот. Интересно е тоа дека ова го сведува до минимум ризикот од удар на велосипедистот во движење во наеднаш отворената врата од автомобилот.

Асистент за сообраќајни знаци: Благодарение на камера, која ги лови сообраќајните знаци и ги покажува јасно видливи за возачот, никогаш повеќе нема да пропуштите знак за ограничување на брзината или забрана. Сообраќајните знаци се препознаваат и се покажуваат на контролнта табла и на навигацискиот монитор.

Асистент за сопирње при итни случаи и задржување во лента: Системот може да ja поддржува лентата за движење (Lane Assist Plus) и брзина независно особено по автопатот и добро развиените меѓуградски патишта, земајќи го предвид растојанието до предниот дел на автомобилот. Возачот може да помине преку метеж во сообрачајот со сопирање и стартување. Системот работи и при претекнување. Возачот треба да го вклучи трепкачот и автомобилот самиот веднаш претекнува штом условите на патот го дозволуваат тоа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK