Новиот Renault 4 се обидува да биде „кул “, како и новиот Renault 5

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Renault 4 е претставен како ретро-футуристички електричен кросовер кој ќе пристигне следната година со почетна цена од помалку од речиси 36.000 евра...

Позициониран како втор модел во „Iconic Family“ на Renault, тој им се придружува на помалите „5 “, супер мини и на крајот ќе се позиционира покрај новото Twingo EV: ретро супермини наменето за лансирање во 2026 година.

Со должина од 4140 mm, широк 1800 mm и висок 1570 mm, 4 е 600 mm подолг, 100 mm поширок и 70 mm повисок од помалиот модел „5 “, со 120 mm подолг задна настрешница. Ова значи дека се позиционира над 5-ката како што сегашниот Captur се пставува над Clio и служи како автомобил на избор за оние на кои им треба поголема практичност.

Поставете ги ривалските автомобили како Mini Aceman, Jeep Avenger и Volkswagen ID 3, новитетот Renault 4 е главно со корисен (практичен), но и авантуристички дизајн што веројатно ќе им се допадне на клиентите со „начин на живот“ според кој уживаат да одат во авантури на отворено.

Тој дизајн, како и кај Renault 5, останува релативно верен на концептот 4Ever Trophy прикажан во 2022 година.

Во производството е пренесена едноделна осветлена предна решетка, мини спојлер поставен на покрив и три линии поставени на праговите на вратите. Туке тба да се даде една мала напомена, имено, покривот може да биде направен во платно.

Назад, добивате трапезоидни задни стакла, триделни задни светла, како и густ (масивен) пластичен браник што одговара на неговите „авантуристички“ ингеренции.

Во однос на неговата практичност, тој добива багажник со големина од 420 литри со седишта во нивната нормална положба, а прагот за товарње е само 607 mm од подлогата, што е прилично ниско за crossover модел.

Renault тврди дека ова го прави 100 mm понизок од ривалите и тоа значи дека задната врата може да се користи како седиште.

Багажникот има и голем број кукички, вклучувајќи отстранлива подна корпа од 35 литри која може да се користи за складирање на се, од валкани обувки или кабли за полнење на батеријата.

Покрај неговите практични карактеристики, Renault му даде на моделот „4 “, дарежлива количина на нова технологија во иста насока како и помалиот EV модел „5 “. Го добива истиот дигитален дисплеј на инструменти со големина од 10,1 инчи во дијагонала, како и 10 инчен екран за информации и забава со интеграција на Google.

Одоздола, додека ја дели истата Ampr Small платформа со „5-ката “, неговото меѓуоскино растојание е продолжено за 80 mm. Renault вели дека парот ќе дели 68% од нивната техничка шминка. Тоа ги вклучува моторите и батеријата.

Моделот 4 ќе се нуди или со мотор со моќ од 118 КС, напред поставен, со батерија, со капацитет од 40 kWh и домет од 306 километри, или со мотор од 148 КС со батерија од 52 kWh и досег од повеќе од 400 километри. Може да се полни со брзина до 100 kW.

Важно е да се напомне, тежи само 1410 килограми, што значи дека би требало да биде доста „напорен “ (поради масата) за возење.

Тоа е првиот Renаult што се лансира со режим на возење со една педала – функција која подоцна ќе се примени низ целата линија.

Може да се користат лопатки за управување со регенеративното ниво на сопирање. Renault, исто така, треба да лансира нова програма за прилагодување со моделот „4 “, која вклучува низа додатоци, вклучувајќи надворешни и внатрешни налепници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK