Новиот Porsche 911 „ѕвезда“ во филмот „Лоши момци засекогаш“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Третиот дел од филмот „Лоши момци“ само во првиот викенд од појавата собра приход од 60 милиони долари преку онлајн платформите, а ова е одлична најава за успех. Главното возило во овој филм е Porsche 911 Turbo S, кое иако користи 3.8-литарски шестцилиндричен мотор како и претходниот модел, моторот е целосно нов и не е пренесен од претходната серија.

Овој мотор има сериозна моќ од 641 коњска сила и вртежен момент од 830 Nm, што значи дека ова е вистински ѕвер на четири тркала. Еден од првите аспекти на новиот Turbo S модел се активните аеродинамични системи. Во зависност од начинот на возење, спојлерот може да се активира на предниот крај за да ја зголеми силата, додека крилата на задниот спојлер исто така се менуваат и се прилагодуваат за автомобилот полесно да се прилепи на асфалтот.

Исто така е присутен и посебен „WET“ режим кој е дизајниран да ја зголеми стабилнсота и да ја зголеми поддршката за возачот на влажни површини, а истовремено го намалува ризикoт од водени скии (кога гумите лизгаат повода не реагираат вртењето на воланот).

Постојат дополнителни системи за помош на возачот. На пример, претставен е Porsche InnoDrive, надополнет со дисплеј кој ги известува возачите за кривините кои доаѓаат на патот. Тука е и адаптивниот темпомат и помош за следење на лентата, за да се обезбеди дека автомобилот вози еднакво добро на автопат како и на брзите планински патишта.

https://youtu.be/f1p5WIJHyy0

Porsche вели дека новиот автомобил може да забрза до 100 км/ч за само 2,7 секунди и до брзина од 200 км/ч за 8,9 секунди што го прави прилично брза играчка. Максималната брзина која може да ја постигне е 306 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK