Новиот Peugeot 308 премиерно на 18 март

ОБЈАВЕНО НА:

Сагата за новата генерација на моделот 308, Peugeot ќе ја заврши на 18 март за кога е потврдена премиерата. Со тоа, Peugeot ќе го обнови и последниот модел кој не беше обновен во последните 2-3 години, а кој во понудата со својата втора генерација датира уште од 2013 година.

Иако досега не е објавен изгледот, од шпиунските фотографии, но и неколкуте неофицијални рендери, може да се очекува дека новата генерација ќе ја следи актуелната дизајнерска филозофија која е применета кај повеќето обновени модели претставени оваа и минатата година.

Во однос на мотористиката потврдено е дека новата 308-ца ќе биде достапна со бензинскиот 1,2 литарски PurеTech мотор кој ќе продуцира 155 КС, а место има и за дизелскиот 1,5 литарски BlueHDi со 130 КС. Секако, место има и за електричните верзии кои ќе бидат достапни со 1,2 и 1,6 литарски бензински мотор.

Во производство влегува оваа есен, а ќе се произведува во фабриката во Мулхаус, Франција. Претходно, се пишуваше дека оваа генерација ќе биде достапна и на американскиот пазар и истата се очекува да биде лансирана во текот на 2023 година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK