Спојувањето на FCA и PSA се чини дека нема да ги одложи плановите за лансирање на новата генерација на Peugeot 308. Последните информации од францускиот производител потврдуваат дека во продажба овој модел ќе се најде во 2021 година.
Од претходно е познато дека третата генерација ќе се темели на EMP2 (Efficient Modular Platform) платформата. Должината на оваа генерација ќе изнесува 4,330 см што претставува 8 см повеќе од актуелната втора генерација. Меѓуоскиното растојание ќе нарасне и ќе изнесува 2,621 см.
Во однос на мотористиката, Peugeot ќе игра на проверено. Тоа значи дека во понудата ќе дојде со 1.2 PureTech и 1.6 литарскиот THP мотор. Тука е и 1.5 литарскиот BlueHDi кој ќе заземе централно место.
Потврдено е дека ќе биде лансирана и електрична верзија, но не се познати спецификациите.