Новиот Outlander на Mitsubishi (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Mitsubishi Motors Corporation (MMC) ја покажа целосно новата генерација на својот хит Outlander и истовремено објави дека продажбите на територијата на Северна Америка ќе почнат во текот на април, а потоа моделот ќе биде лансиран и на другите пазари на кои присуствува брендот.

„Целосно новиот Outlander е развиен како надежен теренец со сериозно обновен стил, однесување на патот и висококвалитетно чувство за задоволување на потребните на клиентите, кои сакаат да го рашират својот хоризонт и да одговорат на кој било предизвик. Со лансирањето на целосно новиот Outlander, ние прво ќе ја зголемиме продажбата на пазарот на Северна Америка, а потоа ќе бараме и глобален раст“, вели Такао Като, извршен директор на ММС.

Mitsubishi Outlander

Четвртата генерација на Outlander користи нова платформа, 2.5-литарски мотор, 8 степен CVT менувач, обновен електронски контролиран систем за погон на четири тркала, но адаптивен систем за избор на режим на работа (6 можности во режим 4WD и пет во 2WD) и во позадина на нејзинта надворешност, ветува повеќе луксузен и просторен ентериер со три реда на седишта и можнот за транспорт на седум лица, како и неколку системи за зголемување на удобноста, а во тој број е и системот за безжично полнење на мобилните телефони.

Четвртата генерација на Outlander користи нова платформа, 2.5-литарски мотор, 8 степен CVT менувач, обновен електронски контролиран систем за погон на четири тркала, но адаптивен систем за избор на режим на работа (6 можности во режим 4WD и пет во 2WD) и во позадина на нејзината надворешност. Ветува повеќе луксузен и просторен ентериер со три реда на седишта и можнот за транспорт на седум лица, како и неколку системи за зголемување на удобноста, а во тој број е и системот за безжично полнење на мобилните телефони.

https://youtu.be/qinIDF4LhI0

Во одност на системите за безбедност, новиот Outlander на Mitsubishi доаѓа со технологијата MI-Pilot Assist, која вклучува адаптивна круз контрола и систем за следење на лентата на движење, систем за препознавање на сообраќајни знаци и функција за следење на максималната брзина, 11 безбедносни воздушни перничиња и друго.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK