Новиот Nissan Qasqai без дизел – ќе има два хибриди

ОБЈАВЕНО НА:

Моторите со внатрешно согорување остануваат во понудата на Nissan, но новиот Qashqai иднина веројатно нема да има дизелски мотори. Според пишувањето на британскиот магазин Auto Express Јапонците сериозно размислуваат како дел од заложбата за намалување на јаглерорните емисии да понуди не една, туку две хибридни верзии.

Засега не се превидува да има целосно електрична верзија. Погонот на струја засега е резервиран за друг кросовер на Nissan, најверојатно продукциската верзија на концептот Arya, што беше прикажан пред околу една година на саемот во Токио.

Една од хибридни верзии на новиот Qashqai ќе биде опремена со иновативен систем ePower од Nissan, познат од моделот Note. Другaта хибридна верзија ќе користи плагин технологија од Mitsubishi Outlander PHEV, при што бензинската единица работи како генератор за полнење на батериите, а трката ќе се задвижуваат со електромотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK