На почетокот на септември Nissan планира на својот нов електричен модел Leaf да понуди нешто што досега го нема никој, а тоа е да има само една педала, а да ја нема традиционалната педала за сопирање. Тоа би требало да биде револуција, но како тоа навистина ќе изгледа ќе се знае на почетокот на септември.
Станува збор за технологијата e-Pedal кој целосната контрола над движењето на возилото го префрла на само едн апедала, која истовремено служи и како гас и сопирачка. За кумплунг одамна веќе не се размислува.
Според Nissan се работи за прв систем за управување на возило со една нога и дека оваа технологија покрива 90 отсто о дпотребите за возење. Кога ќе се притисне педалата возилото забрзува, а со отпуштање на педалот се одзема гаста, но и се ангажираат сопирачките. Кога педалата ќе се пушти целосно, автомобилот застанува.