Новиот Mustang Mach 1 пристигна! (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата FORD ги објави првите детали, фотографии и видео снимки од новата топ верзија на Mustang, оживувањето на логото Mustang Mach 1, кое недостигаше на пазарот во последните 17 години.

Новиот Mustang Mach 1, кој ќе биде произведен во лимитирана серија е опремен со петлитарски, V-образен, осумцилиндричен мотор, располага со оптимизирана спортска суспензија, агресивен аеродинамичен пакет, шестепен мануелен менувач (10-степен автоматски како опција), уникатни дизајн елементи, а тука е и специјалната 3D предна маска и друго.

V8 моторот на Mustang Mach 1 е специјално оптимизиран за тркање, создавајќи максимална моќност од 480 коњски сили при 7000 вртежи во минута.

Mustang Mach 1 ќе биде лнасиран во дилерската мрежа на Ford во САД и Канада во текот на пролетта следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK