MG на саемот за автомобили во Ченгду официјално го претстави своето ново, целосно електрично возило – MG4. Она што најмногу ги изненади љубителите на автомобили е цената: овој компактен електричен убавец во Кина чини меѓу 8.200 и 12.250 евра – вистински шок за пазарот. Сепак, на патот до Европа, цената ќе биде значително повисока.
Дизајн што привлекува
MG4 се издвојува со модерен и динамичен изглед. Со должина од 4.395 mm, ширина од 1.842 mm и висина од 1.551 mm, овој модел нуди одличен баланс меѓу градска практичност и удобност за патувања.
Кабината е вистинско smart искуство. Во зависност од нивото на опрема, достапни се инфо-забавни екрани со дијагонала од 10,25, 12,8 или премиум 15,6 инчи со 2,5K резолуција. Целиот систем го движи моќниот Qualcomm Snapdragon 8155 чип, со поддршка на MG x OPPO Smart Connectivity System, што му дава вистински high-tech шарм.
Електрични перформанси
MG4 доаѓа со електромотор кој испорачува 120 kW (161 КС) и 250 Nm вртежен момент, со максимална брзина од 160 km/h. Батериите се од тип LFP и се достапни во две варијанти:
42,8 kWh со автономија до 437 km
53,9 kWh со автономија до 530 km
За полнење од 30% до 80% потребни се само 20 минути – идеално за брз pit stop на пат.

Што следува?
Мајката компанија SAIC најави и специјална верзија – MG4 Anxin Edition, која ќе користи нова технологија на полусолид батерии. Нејзината цена ќе биде објавена во септември, а љубителите на иновации со нетрпение ја очекуваат.









