Новиот Megane RS ќе има над 300 КС и „сензуален дизајн“

ОБЈАВЕНО НА:

Новото „жешко“ издание на Renault RS ќе биде најсилно досега, иако сѐ уште не дефиниран конечниот изглед. Се најавува турбо 2.0 литарски мотор што ќе испорачува над 300 КС, и најмоќен од било кој претходник.

За разлика на пример од Honda каде при промоцијата на последните две генерации на Civic Type R изгледот беше и преагресивен, од Renault велат дека тие ќе одат во друга насока.

„Нашиот бренд не е по агресивноста. Ќе се обидеме да имаме моќен продукт, но со едноставен или сензуален изглед. Тоа ќе се обидеме да го направиме со следниот RS, кој би требало да не биде агресивен. Да се најде вистинскиот баланс е навистина тешко, но мислам дека тоа ќе го имаме, изјави Стефан Јанин, шефот за дизјан на Renault.

За разлика од некои други ривали, како на пример Focus RS кои одат со погон на сите тркала, и Renault ќе се држи до формулата за погонот на предни тркала. За да се осигура дека Megane RS да биде побрз од сите негови претходници, ќе има погон на сите тркала со турбо 2.0 литарски мотор и над 300 КС. Моторот ќе оди заедно со шест степен мануелен менувач, а ќе се нуди и шест степен менувач со двојка оска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK