Новиот Land Rover Defender премиерно на 10 септември

ОБЈАВЕНО НА:

Со објавување на 16 секундно видео на својот YouTube канал, Land Rover потврди дека премиерата на новиот Defender ќе се случи на 10 септември во Франкфурт.

Премиерата доаѓа откако во меѓувреме се појавија бројни фотографии од оваа нова генерација, а последните дојдоа за време на снимањето за најновиот филм од серијалот на Џејмс Бонд.

Оваа нова генерација се темели на MLA (Modular Longitudinal Architecture) платформата која е многу поекономична во однос на претхдоните платформи развиени од страна на JLR. Како најдобра досега, оваа платформа поддржува и електричен погон кој и ќе го добие овој модел.

Во продажба се очекува да се појави во 2020 година, а по подолго време овој модел ќе биде понуден и на американскиот пазар. Цената останува непозната и истата се очекува да биде откриена по премиерата на саемот во Франкфурт.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK