Новиот кросовер на Fiat “фатен” во Полска (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година на саемот за автомобили во Сао Пауло во Бразил, Fiat претстави кросовер со средни димензии. Сепак, веднаш беше потврдено дека тоа е модел кој ќе се произведува во Бразил, а кој ќе се продава исклучиво на пазарот во Латинска Америка.

Неколку месеци подоцна беше потврдено и доаѓањето на нов кросовер на Fiat, но со помали димензии кој се базира на моделот Argo. Argo, е модел на мал градски автомобил кој Fiat го продава исто така во Латинска Америка. Оттука, не се очекува овој модел да се најде во европската понуда на Fiat.

Сепак, последните фотографии кој доаѓаат од Полска даваат надеж дека токму овој кросовер ќе биде дел од понудата во Европа. Имено, во близина на полскиот град Лоџ, кој се наоѓа на околу 200 км од фабриката на Fiat во Тичи, фотографиран е токму малиот кросовер на Fiat кој се тестира во урбани средини.

Претходно FCA во очи на спојувањето со PSA го претстави планот според кој во Тичи ќе се произведуваат три кросовер модели, по еден од брендовите на Fiat, Alfa Romeo и Lancia. Иако тогаш се претпоставуваше дека тоа ќе биде кросовер кој ќе се базира на Fiat Tipo, сепак последните фотографии од Полска покажуваат дека голема е веројатноста тоа да биде кросовер кој се базира на Argo. Тоа значи дека ќе биде со помали димензии од Fiat Tipo, во поглед на ширината и должината.

Од Fiat не ја потврдија оваа шпекулација, а се се очекува да биде појасно кон крајот на оваа година кога официјално ќе биде претставен новиот стратешки план на Fiat како бренд во новоформираната компанија Stellantis.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK