Јужнокорејскиот производител Kia соопшти дека по неколкуте овогодишни премиери, работи активно на развојот и комерцијализацијата на новата, пета генерација на моделот Sportage.
Според неофицијалните информации, целосно новиот Sportage на пазарот ќе биде претставен во април следната година.
Развојот на новата генерација се спроведува под кодното име NQ5, а се шпекулира дека ќе биде инспириран од Hyundai Tucson кој беше премиерно претставен на 14 септември годинава.
Sportage ќе ги добие и истите мотори, а централно место ќе заземат 1,6 литарските турбобензински и турбодизелски мотор. Ќе биде достапен со погон на предните и сите четири тркала. Во понудата место ќе има и за верзијата со хибридна технологија.