Новиот Jeep Compas се нуди и во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Aутомобиле СК ја збогати својата гама со комплетно новиот Jeep Compass кој одсега е достапен и за македонските купувачи. Tрадицијата на Jeep во класата 4х4 off-road способности кај новиот Compass се спојува со современиот и автентичен дизајн, одличната возна динамика и богатата палета напредна технологија за поврзување и безбедност. Новиот Jeep Compass во салонот на Аутомобиле СК е достапен веќе од 22.500 €.

Jeep Compass е на располагање во една бензинска верзија со мануелен менувач и три дизел верзии, достапни со мануелен и со автоматски менувач. Бензинскиот 1,4 MultiAir2 Turbo мотор со 140 КС има погон на предните тркала преку шестбрзински рачен менувач.
Љубителите на дизел моторите ќе можат да избираат меѓу 1,6 и 2,0-литарски MultiJet мотор – првиот со 120 КС, а вториот и до 170 КС во комбинација со 9 степен автоматски менувач.

Новиот модел го следи елегантниот и аеродинамичен профил, фокусирајќи се на секој детаљ, од хромираните елементи до решетката со седум отвори, а убавината комплетно доаѓа до израз со дизајнот на хипнотизирачкиот LED потпис на предните светла.
Вистински комфор е да можете секогаш да уживате во сигурно и безбедно возење. Кај компактниот SUV се достапни преку 70 сигурносни и безбедносни карактеристики во комбинација со најновата технологија и современиот инженеринг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK