Новиот Jaguar XJ доаѓа кон крајот на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Иако првично беше планирано новата, петта генерација од моделот XJ да се појави на почетокот на оваа година, сепак поради коронаврусот и одложувањата на саемските манифестации, одложена беше и премиерата на овој модел.

Сега последните информации говорат дека премиерата на овој модел ќе се одржи кон крајот на оваа година додека пак во производство ќе се појави во првата половина на следната година.

Претходно, Јан Калум, директорот за дизајн на Jaguar претходно откри дека овој модел ќе се базира на новата MLA платформа, а ќе биде понуден и во електрична изведба со четири електромотори заедно со 100 kWh батерија и погон на сите четири тркала.

Jaguar XJ

Производстовот на овој модел ќе се спроведува во Каст Бромвич (Велика Британија), а цената како и останатите технички податоци остануваат непознати.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK