Новиот Jaguar F-Pace 2021 доби plug-in хибридна верзија (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Jaguar ја објави првата официјална информација, фотографии за верзијата од 2021 година на F-Pace, која ќе дебитира со комплетно нов ентериер, трансформирана надворешност и множество технолошки иновации.

Jaguar F-Pace на тој начин добива целосно нова хауба, нови целосно LED светла, нова решетка, нови задни светла и браник, а во неговата внатрешност наоѓаме уште поквалитетни и луксузни матријали.

Во понудата на мотори на Jaguar F-Pace се вклучени plug-in со полнење и mild хибридни верзии, од кои првата ветува можност за патување до 53 километри во целосно електричен режим. Лесните хибридни модификации се придвижуваат со бензин и дизел мотор, а хибридот P400e PHEV ветува максимална моќност од 404 коњски сили.

Jaguar F-Pace ја доби најновата еволузија на борд системот Pivi Pro, која е комбинирана со целосно нов 11,4 инчен заоблен екран, можнозт за обновување на борд системот по воздух, систем за намалување на бучавата во ентериерот InnovativeActive Road Noise Cancellation, внатрешен јонизатор со филтрирачка функција и други.

Сите модификации на Jaguar F-Pace веќе се опремени со интелигентен ситем за движење на четири тркала и осумстепен автоматски менувач. Во дизел понудата се вклчени и предлозите со моќност од 163 до 300 коњски сили, а во бензиновата верзија со опсег од 250 до 404 коњски сили.

Клиентите на Jaguar F-Pace можат да избираат меѓу нивоата на опремување S, SE и HSE. Секое може да биде исполнето и со R-Dynamic спецификација. Исто така достапен за сите модификации е и Black Exterior Pack пакетот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK