Новиот Hyundai i20 доаѓа премиерно на саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Минатото лето јужнокорејскиот производител Hyundai го најави доаѓањето на новата генерација на моделот i20. Сега, официјално е потврдено дека премиерата на третата генерација ќе биде одржана на саемот во Женева во март годинава.

Овој модел доаѓа со значително поагресивен изглед и тоа благодарение на оштрите линии и светла. Предната маска е инспирирана од редизајнот на Elantra, а овој модел доаѓа со дневни, предни и задни LED светла, 16 нчни тркала, и бројни системи за асистенција и безбедност.

Во поглед на моторите, под хаубата i20-та ќе биде достапна со 1.2 литарски четири цилиндрен бензински мотор како и 1.0 литарски три цилиндрен мотор. Во понудата доаѓа со шест степен мануелен и седум степен автоматски менувач.

https://youtu.be/PrCaQ0EmLRw

 

Подоцна ќе биде претставена и спортската N изведба од овој модел со 1,6 литарски мотор под хаубата со моќност од околу 200 КС како и неколку визуелни детали кои ќе додадат поспортски изглед.

Основната изведба во продажба треба да се појави кон крајот на годинава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK