Осмата генерација на Golf која во продажба ќе биде достапна од јуни следната година доаѓа без тровратна и караванска изведба, а ќе се продава само во изведба со пет врати.
Во однос на одлуката за укинување на тровратната верзија, овој потег беше и за очекување. Трендот на намалување на побарувачката на овие автомобили од година во година опаѓа, па оттука финансиската матеиматика вели дека инвестицијата во ваков вид на автомобили е неисплатлива. Токму поради тоа во последните неколку години многу производители се откажаа од моделски изведби со три врати, а последни модели чија тровратна верзија беше укината бе Seat Mii и Skoda Citigo.
За изненадување е можеби втората одлука за укинување на караванската изведба. Golf во оваа изведба забележа солидни продажни резултати во земјите од Европската Унија, а со укинувањето на оваа изведба, VW групацијата практично ќе нема вистински преставник во овој сегмент.
Од достапните информации, новата 8-ка ќе се базира на истата платформа како и седмата генерација, но благодарението на полесните материјали кои ќе бидат искористени, масата на автомобилот ќе се намали за 50 кг.
Продажната цена останува непозната, а во наредниот период се очекува да бидат претставени дополнителни информации околу цената и техничките карактеристики на овој модел.