Новиот француски претседател верен на домашните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Секоја земја која има автомобилска индустрија на сопствениот претседател се обидува да му овозможи да го има најдобриот автомобил. А и за самите компании е предизвик и натпреварување кој ќе ја добие довербата. Новиот француски претседател Емануел Макрон своето прво шетање и отпоздравување низ улиците на Париз ги имаше во домашен автомобил.

Во Франција постојат неколку компании, Renaulr, Peugeot, Citroen, но ниту една од нив нема доволно луксузно возило што би доликувало за претседател, барем не од типот на Cadillac, или Lincoln. А Французите не сакаат да користат германски и британски возила.
PSA доби задача да направи специјално возило – DS 7 Crossback – базирано на лидерскиот модел на францускиот премиум бренд, секако многу подобрен за оваа цел.

Претседателскиот DS 7 има специјално индиго сина боја на каросеријата, со црна кожа во внатрешноста, државни обележја и знаменца, златни детали на тркалата и во кабината. Најуникатно за овој единствен DS 7 , е покривот, државната лимузина има можност да се трансформира во кросовер за парада со отворен покрив со цел претседателот да може да се појави и да ја поздрави масата народ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK