Новиот Ford Focus чека на премиера (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Романскиот дел на компанијата Ford објави интересна вест во која веќе е обелоденет датумот кога ќе биде извршена премиерата на новата генерација на Focus.
Според она што е објавено на Фејсбук профилот во краткото видео за датум е определен 10 април, а тогаш би требало да бидат познати и сите детали околу новата генерација на моделот. Засега е јасно дека ќе има нов изглед на фаровите, на бандажите, на предниот и задниот дел од автобилот, но нема официјални информации.

Неофицијалните вести велат дека четвртата генерација на Focus ќе биде полесна од актуелната верзија, а во моторот најверојатно ќе биде виден меѓународно одликуваниот трицилиндричен еднолитарски EcoBoost мотор во неколку верзии на моќ. Присуство во модифицираното портфолио на автомобилот сигурно ќе одбележи и 1,5 литарскиот TDCi дизелов агрегат, кој исто така ќе биде со неколку варијанти на моќност.

Следејќи ја пазарната стратегија од новата Fiesta, новиот Focus може исто така да биде претставен во луксузната верзија Vignale и офроуд моделот Active.

https://www.facebook.com/FordRomania/videos/1691308967596060/

Следете не и на:

24AUTO NETWORK