Новиот Focus ST фатен без маска

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појавија првите слики од спортската ST изведба на Ford Focus на кои овој автомобил е фатен без маска односно камуфлажа.

Откако во април годинава беше премиерно претставена новата генерација на Focus, од европската дивизија на американскиот производител објавија дека до крајот на годинава ќе бидат претставени Vignale и ST-Line изведбите на овој модел.

По неколкуте фотографии на кои оваа спортска изведба беше претставена маскирана, сега на интернет се појавија фотографии каде во целост може да се види екстериерниот изглед на оваа изведба. Од фотографиите објавени на Motor1, може да се види дека црниот автомобил покрај ST ознаката на предната решетка и задниот дел, благодареие на задните интегрирани издувни отвори, како и изменетите спојлери, има далеку поагресивен изглед од основната изведба.

Ford Focus ST

Под хаубата се шпекулира дека ќе има 2.0 литарски турбо мотор кој би развивал до 252 КС. Овој мотор во понудата ќе доаѓа со стандардниот шест степен мануелен менувач како и опциониот автоматски менувач кој доаѓа како додатна опрема.

Засега нема официјален датум и место на премиерата на овој автомобил, но за очекување е оваа премиера да биде спроведена на посебен настан организиран од страна на Ford. ST изведбата ќе биде предвесник на кросовер изведбата Active која ќе се појави во првата половина на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK