Премиум брендот DS кој функционира под капата на Citroen продолжува со спроведување на стратегијата која ја усвои пред неколку години.
Откако минатата година го претстави DS9, сега и официјално го потврди терминот за новиот DS4. Премиерата ќе се случи на 3 февруари, а во пресрет на истата објави кратко тизер видео.
Овој модел се базира на EMP2 платформата развиена од страна на PSA Групацијата, а од видеото може да се воочат и новите LED Matrix светла.
Од претходно е потврдено дека доаѓа со plug-in хибридна верзија во комбинација со 1,6 литарски турбо безниснки мотор како и електромотор со вкупна моќност од 225 КС. Во понудата место има и за Puretech бензинските и BlueHDi дизелските агрегати.
Инаку овој модел за прв пат е воведен во 2010 година. Најпрво се продаваше под брендот на Citroen, а од 2015 до 2018 година и под брендот DS.