Од Land Rover на својот YouTube канал се пофалија со одличните перформанси на новиот Defender. Возејќи по пустина, но и на асфалтирани свиоци, Land Rover ја претстави новата генерација на овој модел како спој на современата технологија со традиционално познатите теренски перформанси на моделот.
Во гените на овој модел е да не се предаде ниту на тешките и на прв поглед невозможни за совладување терени.
Оваа нова генерација се темели на MLA (Modular Longitudinal Architecture) платформата која е многу поекономична во однос на претхдоните платформи развиени од страна на JLR. Како најдобра досега, оваа платформа поддржува и електричен погон кој и ќе го добие.
Премиерата на новиот Defender е најавена за во септември, на специјално организиран настан.