Новиот Defender доби plug-in хибрид верзија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на Land Rover Defender доби нова верзија, а се работи за plug-in хибриден погонски ситем кој ветува да го направи моделот уште попривлечен за корисниците.

Првиот ваков хибриден Defender ќе биде Defender P400e, а тоа е најмоќната и ефективна модификација на моделот, која ветува максимална моќност од 404 коњски сили (дволитарски, четирицилиндричен бензинов мотор со внатрешно согорување и електромотор со 1432 коњски сили).

Истиот има можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,6 секунди, максимална брзина на движење од 209 км/ч и можност за поминување од 43 километри во чисто електричен режим сметајќи и возење во офроуд режим. Интегрираната хибридна батерија од Land Rover е со капацитет од 19,2 kWh.

Паралелно со лансирањето на новата хибридна верзија на Defender, компанијата развива и портфолио на моделот со шестцилидричен Ingenium дизел мотор, X-Dynamic спецификација за изведба за Defender 90 и 110, како и нова верзија Defender Hard Top со носивост од 800 килограми, товарен капацитет од 2059 литри и можност за транспортирање на тројца во првиот ред на седишта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK