Новиот crossover на VW ќе дебитира во Минхен

ОБЈАВЕНО НА:

Тоа ќе биде Volkswagen ID.2X, подигната верзија на ID.2, малиот електричен автомобил со цена од 25.000 евра...

Веќе извесно време знаеме дека Volkswagen ID.2, малиот електричен автомобил за 25.000 евра што во 2023 година беше антиципиран, а сега  го очекуваме концепт, ќе има и кросовер верзија. Сега ни е познато и неговото име: Ќе се вика Volkswagen ID.2X .

Ова го соопшти Томас Шефер, извршен директор на германската компанија, во објава на Linkedin во која најави бројни иновации за брендовите на групацијата Volkswagen, вклучувајќи стратегија, оптимизиран софтвер и дебито на малиот crossover модел, што се очекува на Саемот за автомобили во Минхен во тековната 2025 година.

Концепт или не?
Во објавата, германскиот менаџер не прецизира дали ќе биде или не концепт, дури и ако на салонот во Баварија веројатно ќе се најдеме пред прототип, стилски многу сличен на серискиот Volkswagen ID.2X, кој се очекува веќе во наредната 2026 година.

Механички ќе се заснова на платформата на влезно ниво MEB, изведена од онаа што ја користат ID.3, ID.4 и така натаму, а изменета се во некои точки, вклучувајќи ја и шемата за влечење (тракцијата).

Всушност, тој во основа ќе има електричен мотор поврзан со предната оска, а не со задната, како што се случува со сегашниот MEB, за да се подобри погодноста и обемот на масата.

Истата платформа ќе ја користат и ID.1 (името допрва ќе се потврди) и другите мали електрични автомобили од групацијата Volkswagen, како што се Cupra Raval и Skoda Epiq, кои треба да пристигнат помеѓу 2025 и 2026 година.

 

Како ќе биде?
Единствената трага за стилот на Volkswagen ID.2X датира од 2023 година, со објавување на тизер фотографија (која можете да ја видите во информацијата) на која е прикажан профилот на малиот crossover модел на автомобилскиот гигант од Волфсбурфг, чиј изглед делумно треба да потсетува на оној на T-Cross, со кој треба да ги дели и димензиите, во должина од околу 4,1 метар. Но да бидеме трпеливи и да го почекаме одржувањето на автомобилскиот салон во главниот град на Баварија и да го видиме новитетот во живо, поточно неговата концепт форма.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK