Она што беше на ниво на шпекулација минатата година сега добива и на потврда – новата генерација на Citroen C4 доаѓа кон крајот на годината.
Повикувајќи се на извори од PSA Групацијата, француските и еминентните светски магазини за автомобилизам пишуваат дека повеќе од сигурно е доаѓањето на овој модел. Премиерата е закажана за на саемот во Париз во октомври годинава, а во овој модел французите положуваат големи амбиции како конкурент на Ford Focus и новиот Golf.
На интернет веќе се појави и првата фотографија од изгледот на овој модел. Иако нема официјална потврда, овој модел, барем според формата и одредени екстериерни дизајнерски елементи, е инспириран од актуелната генерација на C4 Cactus. Секако тука е и технолошката еволуција која во голема мера е овозможена од продолжената CMP (Common Modular Platform) платформата.
Со овој модел PSA Групацијата значително ќе ја подобри конкурентноста во овој сегмент каде сега ги има Peugeot 308 и Opel Astra. Наскоро ќе следуваат веројатно и повеќе податоци за новиот модел.