Премиерата на Tata H5X за време на автомобилското шоу во февруари во Њу Делхи донесе и објава од страна на компанијата дека прототипот е речиси идентичен како дефинитивната сериска варијанта, а сличноста е дури 80-85%. Возилото е првенец на новата дизајнерска философија на брендот Impact 2.0, стартувана со електро автомобилот Tata Evision покажан на саемот во Женева, одржан пролетва.
Концептот Tata H5X ќе прерасне во сериски модел чие име ќе биде Harrier. За возилото се зборува дека ќе постави нови стандарди во Индија, а ќе биде извезувано во редица земји, како модел од пазарниот премиум-сегмент. При изработка на новиот модел користена е платформа на Land Rover и мотори на концернот FCA.
За името на ова возило има извесен проблем со Toyota. Таа го има регистрирано ова име, а Индијците велат дека тоа ќе биде само за домашна употреба, а за извоз ќе се користи друго. И претходно Индијците менувале имиња на возилата. Хечбекот Tata Zica поради истоимениот вирус мораше да биде преименуван во Tiago, додека Tata Bolt беше со исто име со возило на Chevrolet.
Tata H5X користи нова архитектура OMEGA-Arc, која е модифицирана платформа LR-MS (D8) на Discovery Sport. Во неа се користат делови McPherson однапред и мултилинк задна суспензија. Должината, ширината и висината на машината се 4575×1960×1686мм, додека растојанието меѓу оските е 2740 мм.
Возилото ќе се нуди со две варијанти на MultiJet II со моќност од 140 и 170 коњски сили. Ќе има шестепен механички и деветстепен автоматски менувач. На пазарот ќе се нудат варијанти со пет и седум седишта, а цените ќе бидат од 14.725 до 19.630 евра.