недела, 25 декември, 2025 година

Новиот Aston Martin Valhalla ќе го вози Џејмс Бонд

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Британскиот производител Aston Martin на саемот во Женева минатата година го претстави концептот на хипер автомобилот AM-RB 003, а во пресрет на премиерата британскиот производител го објави називот на серискиот модел.

Станува збор за Valhalla, назив инспириран од нордиската митологија исто како и Valkiriye, назив кој веќе претходно Aston Martin го искористи кај истоимениот модел. Во оваа митологија, Валхара претставува живеалиште на војници загинати во борба. Тоа се оние избрани војници од страна на Один, врховниот бог на нордиската митологија.

- Advertisement -

Од претходно е познато дека овој автомобил ќе биде опремен со V6 агрегат и електричен погон и при тоа ќе продуцира неверојатни 1.000 КС што дефинитивно ќе го вброи во еден од најмоќните автомобили на сегашницата. Со тежина од 1.350 килограми до 100 км/ч ќе забрзува за 2,5 секунди додека максималната брзина изнесува 354 км/ч.

Според првичниот план од овој автомобил ќе бидат произведени околу 500 примероци.

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја