Бугарија се наоѓа на врвот во Европската Унија според бројот на загинати лица на патиштата, 99 на 1 милион жители. Во Европа во 2016 година на патиштата загинале 25.500 лица. Нашиот сосед има идеја како да ги дисциплинира лошите и неразумни возачи – ќе го зголемува задолжителното осигурување од 20 до 500 отсто, односно тоа може да достигне и 1000 лева (500 евра).
Сега средната цена на осигурување се движи од 170 до 200 лева. Цената зависи од кубикажата на возилото, во кој град е регистриран автомобилот, возраста и искуството на возачот.
Оние што се опасни возачи и почесто прават сообраќајни и имаат проблеми со законот ќе плаќаат повисоко осигурување. Од пред неколку години секоја компанија има право да определува колку поскапо ќе биде осигурувањето за оние што се поопасни возачи. Но, тоа не вроди со плод. Секогаш кога има проблеми со предизвикан инцидент тргнуваат и различните начини да се изигра законот.
Во иднина ќе има нов систем, и осигурителните компании и сообраќајната полиција ќе бидат поврзани и постојано ќе има информации за ризичните возачи. Ќе се внесуваат во системот сите прекршоци и инциденти, и осигурителните компании врз основа на тоа ќе ја одредуваа цената за осигрување за секој возач. Тоа значи колку повеќе грешки и инциденти се прават во сообраќајот толку повеќе ќе ви скокне осигурувањето.