Нови закони во Рим: Нема пиење алкохол, јадење на шпанските скали, капење во фонтана…

ОБЈАВЕНО НА:

Опивањето на улиците, облекувањето во центуриони (римски војници), капењето во фонтаните, јадењето покрај историските локации во Рим се најстрого забранети и со себе повлекуваат потенцијални високи парични казни. Оваа одлука ја донесоа градските власти во Рим во намера да го „исчистат“ историскиот град кој годишно е посетуван од милиони туристи.

Мерките за однeсуваат и на сопствениците на кучиња кои нема да го исчистaт изметот од своите миленици при вршењето нужда на улица, а се подразбираат и казни за проституција на улиците. Одредени забрани и досега постоеја, но биле привремени. Сега новоста е дека се донесени на подолг рок.

„После 72 години, Рим има нова урбанистичка политика. Ова е историски ден“, изјави градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги.

Планот е да бидат ангажирани дополнителни 500 полицајци (станува збор за комуnална полиција) која ќе има пошироки овластувања во спроведувањето на новите мерки. Во претходните години, градските татковци на Рим се обидуваа со прописи да воведат ред, но без многу успех. Досега веќе беа донесени мерки за сузбивање на „центурионите“ односно костумираните локалци кои на туристите им наплаќаа фотографирање пред Колосеумот или другите историски споменици. Мерките беа донесени за да се спречи да ги „дерат“ туристите или да ги малтретираат.

Според новите прописи, секој кој во иднина ќе се облекува како некогашен римски војник или гладијатор ќе биде казнет со 400 евра. Воведени се и построги мерки за консумирање на алкохол на улица после 22 часот. После два часот по полноќ ќе биде потполно забрането да се служи алкохол на сите места вклучувајќи ги и баровите и клубовите.

Секој кој ќе биде фатен во кршењето на овие процеси ќе биде казнет на лице место со 150 евра, а сопствениците на баровите, клубовите и другите локали ќе мораат да платaт 280 евра ако бидат фатени дека ги кршат прописите за продавање на алкохол.

Оние кои јаделе во близина на историските споменици (особено кај шпанските скали), ќе скокнат во фонтаната или на некој друг начин ги уништуваат спомениците, исто така ќе бидат казнети.

Уште во 2015 година е донесена забрана за капење во фонтаните, но многу туристи тоа и понатаму го прават, па и локалните жители особено при славење на некои спортски успеси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK