Нови времиња – Infiniti e првото возило од Америка што доаѓа на Куба по 58 години

ОБЈАВЕНО НА:

Алфонсо Албаиса е кубански бегалец кој себе си се гледа како американски „производ“, но сепак во себе го има и кубанското наследство. Израснат во САД стигнува до функција како Извршен директор за дизајн во Infiniti, и по нормализирањето на односите меѓу Куба и САД, имаше можност да се врати на домашното огниште со еден свој автомобил што беше произведен под негово дизајн. Тоа е првпат по 58 години автомобил произведен во САД да стапне на тлото на Куба.

infiniti1

Во моментот Албаиса e во Јапонија каде раководи со четири дизајн студија на Infiniti. Како и многумина Кубанци, и тој израснал во Мајами.
Како дел од неговата посета на Куба каде видел многу од своите роднини, Infiniti направи и четириминутно видео покажувајќи го возилото во Куба и доживувањата за време на неговиот престој.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK