Нови цени на горивата – Сите поскапи за 1 денар

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија за енергетика ги објави цените на горивата што ќе важат за оваа недела. Кај сите деривати има зголемување за 1 денар. Поскапувањето ќе стапи на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит,

Mалопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 41,00 ден/лит.

Во образложението на одлуката се вели дека „Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 5,531% или за 19,550 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 5,256% или за 17,200 $/тон, кај екстра лесното масло
зголемување во просек за околу 5,965% или за 19,000 $/тон и кај мазутот големување во просек за околу 2,735% или за околу 6,550 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,7735 ден/$ и е за околу 0,412 % повисок од курсот на доларот (54,5490 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK