Нови цени: Дизелот поскапува – бензинот на исто ниво

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија за енергетика на Македонија ги објави новите цени на горивата што ќе важат оваа недела. Со новата одлука се врши намалување на цените во просек од 0,07 отсто. Во однос на мината недела сега единствено дизелот поскапува за 0,5 денари, додека бензините остануваат со сита цена.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се
менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 12.08.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 12.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 31,650 ден/кг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK