Нови проблеми за VW: Почнаа тужби и од компании

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот дистрибутер на риба „Дојче си“ (Deutsche SEE) ја тужи групацијата Volkwagen зашто ги довела во заблуда претставувајќи им ги флотните возила што ги изнајмиле, како еколошки.

„Дојче си“ е првата домашна компанија која ја тужи групацијата Volkwagen за скандалот со измамата на издувни гасови, покрај мноштвото тужби иницирани од физички лица, регулаторни тела, држави и дилери, од кои повеќето се поднесени во поднесени во САД.

„Дојче си“,која е со седиште во Бремерхавен, од Volkswagen изнајмува околу 500 возила. Компанијата со автопроизводителот се обидела да постигнат вонсудска спогодба, но постапката прекинала откако Volkswagen направи промени во водечките менаџерски позиции со правници и менаџери за односи со јавноста.

Според германскиот таблоид „Bild am Sonntag“, „Дојче си“ бара отштета од 11,9 милиони евра, но тужителот сѐ уште не го потврдил износот.

„Дојче си“, која во 2010 година ја освои наградата за одржливост, изјави дека единствената причина за соработка со Vokswagen било ветувањето од производителот дека ќе им ги обезбеди најеколошкиот концепт на мобилност (најеколошките возила).

Од Vokswagen групацијата се оградија од коментар зашто сѐ уште ја немаат добиено тужбата.

Во септември 2015 година автопроизводителот призна дека во САД користел софтвер за да го измами тестот за испуштање на дизел. Скандалот досега ги чинеше над 20 милијарди евра, а германското обвинитеслство води истрага против Главниот извршен директор Мартин Винтеркорн заради сомневање за измама и манипулација на пазарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK