Нови проблеми: ФБИ уапси раководно лице на Volkswagen во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Федералното биро за истрага (ФБИ) упаси личност на висока позиција во Volkswagen Group поради заговор за проневера во САД, пишува весникот Њујорк Тајмс.

Оливер Шмид ја водеше регулаторната канцеларијата за усогласување во САД од 2014 до март 2015 година. Тој бил уапсен во саботата во Мајами од страна на ФБИ, пишува весникот повикувајќи се на извори блиски со семејството на уапсениот. Тој треба да се појави пред Окружниот Суд во Мајами наскоро.

Од страна на VW стигна соопштение дека тие соработуваат со Министерството за Правда и работат на решавање на сите работи во САД. Не е пријатно да се коментираат оние истраги што се во тек, или да се разговара за лични работи, се вели во соошптението од VW.

Главните директори на VW годинава не се присутни на саемот во Детроит што во моментов се одржува.

Во обвинението против Шмит се вели дека тој е главниот во напорите на VW да ги прикријат резултатите од емисиите на штетни гасови од регулаторните лица во САД. Шмит и други официјални лица на VW постојано прикажувале неточни технички објаснувања за високите емисии на штетни гасови од нивните возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK