Во иднина веројатно ќе треба да внимавате со кого се возите во автомобил ако патувате во Бугарија. Во тек е изработка на нов закон според кој во случај на сообраќаен прекршок казнети ќе бидат сите што во тој момент се наоѓаат во возилото.
Казната што би требало да ја платат патниците во возилото ќе биде 25 евра (50 лева). Односно казната за возачот ќе се зголеми за по 25 евра за секој патник што се превезува. Овој предлог беше изгласан и одобрен во вторникот на состанокот на државната советодавна комисија за проблемите на безбедноста во сообраќајот.
Текстот сега ќе биде доставен до работната група која ќе подготви нов закон за сообраќај. Целта на мерката е да се спасат илјадници животи на патиштата.
Според статистиката на сообраќајната полиција, поголемиот дел од жртвите биле жени и деца
“Од 2011 година до 2016 година во сообраќајни несреќи загинале 1095 патници и биле повредени 17.752 лица кои се возеле во возилото”, се посочува во дел од документот што бил усвоен од Комисијата за безбедност на сообраќајот.