Нови информации за Alfa Romeo Tonale – ќе дебитира во септември

ОБЈАВЕНО НА:

И додека светската автомобилска јавност е насочена кон финализирањето она спојувањето на PSA со FCA во новоформираната компанија Stellantis, се појавија нови информации околу Tonale.

Новиот кросовер на Alfa Romeo како концептно возило беше претставено во 2019 година, а сега последните информации говорат дека премиерата на продукциската верзија ќе се случи во септември годинава.

При тоа, шпанскиот сајт Motor.es пишува дека производството во Европа ќе стартува уште во ноември. При тоа, не се откриени цените како и нивоата на опрема кои ќе бидат составен дел од понудата на овој модел.

За потестување, овој модел ќе се базира на FCA Small платформата која ја користи новата генерација на Jeep Renegade. Покрај со основниот 1,3 литарски бензински мотор, овој мал кросовер ќе биде достапен и во електрична верзија со 45 kW батерија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK